Сите меѓународни извештаи потврдуваат дека во Македонија судството е заробено и граѓаните не веруваат во правосудниот систем, но сепак лагите и клеветите на СДСМ не можат да бидат не осудени, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Дури и Кацарска – судството не може да ја промени вистината, а тоа е дека СДСМ, Димитар Ковачевски и Зоран Заев лажат и клеветат.

И на целосно заробено судство вистината не може да биде заобиколена, а лагите изнесени врз ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски пред изборите излегоа на виделина.

Последните пресуди во корист на претседателот Мицкоски, каде што се осудени СДСМ и некои тајни или јавни перјаници на СДСМ и Ковачевски се доказ дека освен неработа, СДСМ се познати и по креирање на афери, лаги и измислици.

На последните локални избори се докажа дека граѓаните не веруваат на штабските креирани лажни афери, но тие лаги сега не можеше да не се осудени и од страна на заробеното судство.

За многу брзо ќе дојде време кога судството и обвинителството целосно ќе бидат ослободени од спрегите на СДСМ, Ковачевски и кланот Заеви. Граѓаните мора да добијат правосуден систем целосно независен и во корист на законот и правдата, велат од ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.