ВМРО-ДПМНЕ нема поддржано ниту една државничка одлука досега. Беа против членството во НАТО, против Договорот со Грција, не го поддржаа продолжувањето на преговорите со Европската унија а не гласаа ниту за Договорот ФРОНТЕКСТ, велат од СДСМ.

Додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ Левица се единствени партии во земјата кои се против Резолуцијата на германскиот Бундестаг за признавање на македонскиот јазик, идентитет и култура.

Сега е време ВМРО-ДПМНЕ да размисли и макар еднаш да покаже државничко однесување.

Откако се доближија ставовите на последната лидерска средба дијалогот за уставните измени треба да продолжи. Со дијалог може заедно да ја донесеме одлуката за уставните измени а со тоа да го обезбедиме продолжувањето на европскиот пат се до полноправно членство. ВМРО-ДПМНЕ има шанса да направи нешто добро за државата, велат од СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.