Собранието на Република Cеверна Македонија, ги донесе измените и дополнувањата на законите за изградба на стратешки инфраструктурни проекти од национален интерес. На овој начин се отвори патот за побрза и поевтина изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10Д, се вели во утринското соопштение од СДСМ.
Со овие два коридора за прв пат како држава се поврзуваме кон запад и исток, наместо како досега да бидеме поврзани само меѓу север и југ. Реализацијата на овој стратешки проект, каде е предвидено да се вклучат домашни компании, значи нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за 2% годишно во наредните пет години. Тоа е директен импакт врз македонската домашна економиј и е трајна вредност во инфраструктурата. Со изградбата на овие два коридори, од кружен тек на Балканот, Македонија конечно станува вистинска крстосница на Балканот, можност да бидеме на сообраќајната и економската карта на Европа, велат од СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.