СДСМ бегаат од изборите и тоа им е јасно на граѓаните. Бидејќи не е само датумот на закажување на изборите туку има низа на законски рокови кои што треба да бидат испочитувани од аспект на тоа што целото општество прво ќе биде во грч а второ економските активности се многу ограничени поради одредени законски решенија. Тоа значи дека еден месец помеѓу изборите нема ништо да промени напротив само ќе го зголеми теророт од политиката во општеството и ќе го закочи стопанството кое што и така е кревко. Да дефинираме датум и да излеземе пред граѓаните. Вакво епско бегање не е забележано досега, рече Стојаноски во вечерашното гостување на Топ тема.
Стојаноски во однос на намалувањето на платите на функционерите кажа дека тие треба да бидат намалени и доколку ова влада тоа не го реши следната влада на ВМРО-ДПМНЕ покрај намалувањето на стапката на рамниот данок од 10 на 8 проценти ќе ги намали и платите на функционерите.
Нашиот став е принципиелен и јасен. Нам ни е потребно системско решение за да се случи одредено намалување на платите на функционерите тоа мора да се направи по закон. Би бил креативен јас, да го врземе за растот за бруто домашниот производ, тогаш можеби и функционерите ќе бидат по мотивирани да го креваат растот на бруто домашниот производ, бидејќи би имале повисоки плати.Ние кажавме дека ќе го чекаме тој закон да стигне од владата и доколку го регулира ова прашање соодветно како што треба ние ќе го поддржиме. Доколку тоа не се случи до распуштање на парламентот новата влада на ВМРО-ДПМНЕ веќе на првата седница покрај намалувањето на стапката на рамниот данок од 10 на 8 проценти, ќе го реши и ова прашање и платите на функционерите ќе бидат намалени, истакна Стојаноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.