Доколку Мицкоски сака разговор за предлозите околу уставните измени нека одреди тимови, велат од СДСМ, преку партиско соопштение.

Мицкоски го промени ставот и прифати уставни измени, прифати учество во заедничка широка Влада со СДСМ и прифати дека овој собраниски состав има мандат за уставни измени.

Овие приближувања се добра основа дијалогот за сите детали и предлози да продолжи со тимови односно работни групи. СДСМ за тоа е подготвена.

На потег е Мицкоски, во спротивно тој ќе биде причината за затворање на вратата за дијалог, важен за европската иднина на државата, се вели во соопштението на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.