Јавноста беше сведок на негрижата на Ковачевски и Спасовски за безбедноста на граѓаните. Додека со месеци наназад надлежните институции предводени од Ковачевски и Спасовски мува не ги лазеше за дојавите за бомби во училишта, институции, трговски центри, станбени објекти, сега максимално ги ангажирале капацитетите на МВР за обезбедување на објектот каде што СДС држи партиска трибина – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ испратено до медиумите.

Оттаму велат дека ова е уште еден доказ дека е допрено дно во безбедносен систем а МВР е ставено во улога на партиска полиција.

Кога се работи за безбедноста на граѓаните Спасовски и МВР се неспособни, ама кога се работи за СДС тогаш се максимално ангажирани. Се надеваме дека СДС во наредниот период почесто и на повеќе локации ќе организира партиски настани со цел граѓаните да бидат побезбедни – коментираат од опозицијата

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.