СДС е партија чиј претседател кажа дека македонскиот и бугарскиот народ се ист народ, трајно ги нагриза нашите позиции и го загрози идентитетот.

СДС се партијата која даде легитимитет на бугаризацијата. Заев, од позиција на премиер, долгорочно ги оштети македонските позиции. Од изјавите на Заев беа фрапирани и до бескрајна радост донесени и најголемите бугарски шовинисти.

Од изјавите на Заев почна целата негација на Македонија, за истата да кулминира со отворањето на клубови со фашистички имиња во Македонија со дезертерот Ковачевски.

Ковачевски не направи ништо да спречи отворање на клубови со фашистички имиња во Македонија, напротив тоа го дозволи.

ВМРО-ДПМНЕ нема да толерира повеќе СДС кои се власт да одобруваат никулци на фашизам, и затоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе законски предлог измени со кои идно формирање и регистрирање на здруженија со имиња со фашистичка позадина, но и ќе се реагира на постоечките здруженија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.