Ковачевски бараше да не му се спомнува семејството, ама тој упорно го вмешува во своите скандали и бизниси. Последниот случај е дури чисто безобразие. Во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, владата на Ковачевски на сопруга на Ковачевски и овозможува милионски повластици, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Со одлука на владата, во која Ковачевски е премиер, г-ѓата Ковачевска добила државно земјиште по џабе цена од 70 денари за метар квадратен. На 14 март Владата и доделила на компанијата на сопругата на Ковачевски 1.119 м2 во Радовиш по багателна цена за нивниот соларен бизнис.

За 70 денари граѓаните не можат килограм кромид да купат, а г-ѓата Ковачевска добила земјиште со потпис на Артан Груби. Демек ако потпишал Груби, наместо Ковачевски, нема да има никаков проблем

Очигледно Ковачевски и Груби решиле да си чуваат грб во криминалите еден на друг. Прво Ковачевски го поддржа Груби за скандалот со тендерот за надзорот и имотите на луѓето блиски до Груби, а сега овој му се заблагодарува со можност сопругата на Ковачевски да добие 1119м2 за само 1.273 евра. Во време кога владее невидена сиромаштија, кога компании ставаат клуч на врата, за само илјада и кусур евра жена му на Ковачевски добива можност за милионски бизнис.

Ако мислат дека си ги кријат криминалите на овој начин многу се лажат. И Груби и Ковачевски еден ден ќе одговараат за сите криминали и скандали.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.