Навистина жално колкава е хипокризијата, луѓе умираат затоа што оваа влада нема пари лек да обезбеди, учениците немаат книги, а нема ниту една функција која државата која се извршува како треба, а Ковачевски еве гледаме дека за само 100 дена рекламирање на својот Фејсбук профил потрошил 26.000 евра, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева одговарајќи на новинарско прашање во врска со медиумското истражување за трошењето илјадници евра од Ковачевски за Фејсбук реклами.

Митева посочи дека овие суми на илјадници евра според кажувањата на експертите реалните бројки се и повисоки од ова што е лиферувано во јавноста.

Само од јавно достапните информации Ковачевски троши 260 евра за еден ден рекламирање на Фејсбук, тоа се пари со кои можат да се купат голем број лекови или да се дадат терапии на луѓето на кои им се потребни, а со кои Ковачевски се слика и им дава празни ветувања кои никогаш практично не ги исполнил само за лајк повеќе мислејќи дека така ќе му се крене рејтингот кој му е поразителен – рече Митева.

Митева нагласи дека трошењето на илјадници евра за Фејсбук рекламирање во време кога народот едвај преживува е апсолутно неоправдано, и говори дека на оваа власт не и се важни граѓаните, туку сопствениот имиџ пред истата јавност која ја донесоа до раб на егзистенција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.