Гласањето на дневниот ред за седницата за уставни измени покажа дека нема 80 пратеници за промена на уставот. Од 119 пратеници кои го најавиле своето присуство, само 70 пратеници дадоа поддршка за дневниот ред на седницата на која единствена точка е Предлогот за пристапување кон измени на Уставот, а 47 пратеници гласаа против. Двајца не се изјаснија – Фадил Зендели од БЕСА и Илија Николовски, кој е член на ПОПГМ, партија од коалицијата на СДСМ. Отсутен од денешната седница беше единствен пратеник од владејачката СДСМ, кој не гласеше за заклучоците за „францускиот предлог“, Диме Велковски.
Кој гласаше ЗА?
Од 70 гласови ЗА точката за измена на Уставот, гласале 32 пратеници кои се изјасниле како Македонци. Тоа се останатите пратеници од СДСМ и коалиционите партнери. Останатите 38 пратеници се Албанци, но и Турци, Влав, Србин, Ромка… Мнозинството македонски пратеници се против уставните измени со кои Бугарите треба да влезат во македонскиот устав. Сите 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводи како и тројца други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.