Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ денеска најави дека ќе престојува во Македонија на 21 и 22 јануари. Ќе учествува на состанокот „Западен Балкан и ЕУ“ и на лидерската средба за Планот за раст за Западен Балкан.

Домаќин на средбата ќе биде македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

На средбата покрај Вучиќ ќе присуствуваат и албанскиот премиер Еди Рама, претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина – Борјана Кришто, претседателот на Црна Гора – Јаков Милатовиќ, премиерот на Косово, Албин Курти, како и генералниот директор на Директоратот на ЕК за соседство и преговори за проширување – Герт Јан Копман.

Најавено е присуство и на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија – Џејмс О’Брајан, претставници на регионалните организации, Советот за регионална соработка, ЦЕФТА и Инвестицискиот форум на комори од Западен Балкан, УСАИД, како и некои меѓународни финансиски институции. .

Лидерите на Западен Балкан се собраа оваа недела на Светскиот економски форум во Давос, каде што учествуваат повеќе од 100 претставници на земји, сите големи меѓународни организации, 1.000 партнери на Светскиот економски форум.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.