Новинарот Фуркан Салиу ја искоментира оставката на директорката на Детска клиника Аспазија Софијанова.

Многу ме интересира како ја коментираат оставката на Софијанова тие што упорно ја бранеа и инсистираа дека прилогот е по нечија нарачка? Ех тек кога ќе го прочитате ревизорскиот извештај сакам да го чујам вашето мислење, пишува Салиу на Фејсбук.

Оставката на Софијанова доаѓа по неговиот новинарски прилог, во кој открива дека директорката на Детската клиника земала надоместоци за дежурства на кои не дежурала.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.