Трет ден трае протестот на матичните лекари кои работат во приватното здравство, а решение за нивните барања нема. На новинарско прашање дали министерот за здравство Сали планира средба со претставници на здружението на матични лекари кои протестираат, тој одговори дека се во комуникација веќе осум месеци за изнаоѓање решение за барањата, но тие не можат да бидат постигнати.
И покрај сработеното на месечно ниво добиваат по две нови барања, наспроти заложбата на министерството за повеќе реформи во примарното здравство во пакет, кажа министерот.
Тој го повтори ставот дека протестите се на грбот на пациентите и претставуваат притисок врз сите креатори на здравствената политика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.