Ковидот ќе трае и  ќе биде дел од нас. Треба да научиме како да работиме со ковид. Има одредени држави каде позитивни со болеста одат на работа. Преземаме мерки за постковид периодот како министерство преку набавка на опрема за да се справиме со последиците и го спремаме кадарот, вели министерот за здравство, Беким Сали во гостувањето на емисијата „Вин-вин“.

Министерот потенцира дека за идната година ќе мораме да спремиме нова стратегија и мисли дека во иднина не очекува многу поголем поширок фронт со справување на други здравствени проблеми.

Не ги пријавуваме навремено и не ги спречуваме компликациите во организмот. Сметам дека тоа е одговорност и на лекарите од примарно ниво, посочува Сали и апелира дека многу важна ќе биде постковид фазата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.