Министерот за здравство Беким Сали рече дека сегашните бројки не дозволуваат олеснување на мерките, вклучително и тргањето на маските. Малиот број вакцинирани не гарантира дека можеме да продолжиме без маски, рече Сали.
Јас сум првиот што би сакал да можам да кажам дека од утре можеме без маски, би останал запаметен по оваа изјава, но на едната страна се желбите, а на другата страна реалните бројки што ги добиваме секојдневно. Многу би сакал да кажам дека од денеска сме слободни. Секојдневно ја следиме состојбата, освен во државата, во регионот и пошироко. Следиме четири земји кои ни се репер и кои први ги ослободија мерките, но гледаме дека таму се врати ситуацијата како на почетокот, изјави Сали, додавајќи дека здравствените власти не би ризикувале да направат потег со кои би ги олесниле ковид-мерките кои потоа ќе не вратат чекор назад.
Сали денеска заедно со заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ и амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада ги посетија хируршките клиники по повод примопредавање нова опрема од социо-економскиот грант од Амбасадата на Јапонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.