Денес остваривме средба со Македонците во Мала Преспа, Пустец. На средбата разговаравме за положбата и правата на Македонците во Република Албанија, за негувањето и афирмацијата на македонската посебност и македонскиот национален дух, за поголема прекугранична соработка за која цел сме во план за отворање на задграничен комитет, информира Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Република Македонија и Република Албанија негуваат и градат пријателски односи на соработка базирана на обострано почитување. Посетивме и дел од училиштата кадешто дониравме книги на македонски јазик за деца на училишна возраст, додава тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.