Општина Демир Хисар добива модерен, современ и урбан изглед благодарение на работата, на активноста и посветеноста на градоначалникот, на советниците на Општина Демир Хисар, но и општинската администрација. Во минатото беа реализирани безброј проекти кои што се круцијално значајни за жителите на општина Демир Хисар, пишува на својот фејсбук профил Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското собрание.
Тој понатаму додава:
Но, морам да истакнам дека само пред шест месеци се ветија исто така проекти кои што навистина ќе ја направат општина Демир Хисар да добие посебен изглед. Тоа е реализацијата на Градскиот парк кој што беше ветен и отпочна работа на Градскиот парк. Исто многу значаен проект кој што многу значи за граѓаните на Демир Хисар бидејќи ќе ја зголеми безбедноста на жителите од овој град е реализација на пешачката патека на улица „Битолска“. Источниот дел од улица „Битолска“ ќе добие пешачка патека.
Но, Општина Демир Хисар исто така реализира проекти кои што се и за останатите населени места, кои се во околината на градот Демир Хисар. А, тоа се населеното место Прибилци, населеното место Вардино и населеното место Сопотница добиваат по две улици кои што беа многу значајни за жителите на овие населени места бидејќи го подобруваат квалитетот на живот на овие граѓани, меѓутоа и ја зголемува вредноста и на нивните имоти.
Општина Демир Хисар прераснува навистина во еден значаен центар во овој регион кој што го смени својот изглед од пред доаѓањето на локалната власт на сегашниот градоначалник Никола, кој посветено работи и реализира проекти кои и што не беа ветени во програмата.
А, она што беше ветено во изминатиот период е веќе реализирано за две ипол години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.