ВМРО-ДПМНЕ од утре почнува со акцијата „Заедно со народот“.

Генералниот секретар на партијата, Ѓоргија Сајкоски, објави дека стотици тимови на партијата низ целата земја, ќе ја отпочнат една од најголемите кампањи и теренски посети некогаш направени во Македонија.

Тимови од партијата во прва фаза ќе остварат состаноци со сите ажурирани членови на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и со голем број на граѓани кои се опозициски расположени и кои сметаат дека државата се движи во погрешен правец.

Власта ја уништува државата за свои лични потреби, тие крадат, а народот пати. Основните услуги на државата често се под знак прашалник, основните потреби на граѓаните често не се подмирени. Додека власта се богати, народот е се посиромашен. За да се промени болната реалност, и да почнеме да чекориме напред, потребни се промени, а за промените, неопходни се граѓаните, истакна Сајкоски.

Генералниот секретар на партијата истакна дека претставници на ВМРО-ДПМНЕ ќе разговараат со граѓаните и ќе ги слушнат нивните проблеми и потреби.

Изворно ќе ги собереме предлозите на граѓаните и ќе ги преточиме во политики и акции за идно делување. Да се заложиме сите заедно за развој на Македонија, изјави Сајкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.