„Продолжуваме со теренските активности, денес се сретнавме со жителите од Пополжани, Брждани и Цер. Од нив можевме да слушнеме и видиме дека тука се живее многу тешко и тука нема основни услови за живот, нема добра инфраструктура и патиштата се комплетно руинирани“, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓоргија Сајкоски при теренската активност на ВМРО-ДПМНЕ „Ова е Македонија за сите“ во населените места Пополжани, Брждани и Цер во Кичево.
Сајкоски истакна дека граѓаните ни истакнаа дека се разочарани од секојдневните политики на оваа Влада.
„Денес гледаме дека оваа Влада која ветуваше живот и дека ќе има добра инфраструктура денес прави еден од најкриминалните проекти а тоа е проектот со „Бехтел и Енка“ со кој сакаат да злоупотребат огромен број на средства не можејќи да поминат преку Парламентот и институциите измислија дека со европско знаменце можат да ги поминат законите“, рече Сајкоски.
Тој истакна дека ЕУ и зададе силна шлаканица на Владата.
„Можеме да видиме денеска дека и Европската Унија им зададе силна шлаканица на властите во Македонија укажувајќи дека на таков начин и принципи не се градат европски вредности. Ова е само еден од скандалите на оваа Влада, а во изминатите шест години видовме безброј скандали, безброј незавршени работи и огромен криминал“, изјави Сајкоски.
Сајкоски заклучи дека очекувањата на граѓаните се дека оваа Влада мора да одговара, а ВМРО-ДПМНЕ како следна власт во Република Македонија силно укажуваме дека сиот криминал во државата корупцијата и секој оној што се огрешил и злоупотребил народни пари ќе одговара пред институциите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.