САД и Франција порачуваат меѓународните обврски и договори да се почитуваат. Претседателите на двете земји, Џо Бајден и Емануел Макрон, утврдиле патоказ на двете држави а во делот на меѓународните теми се споменува и Западен Балкан, како и Македонија.
Тие ја повикуваат новата влада во Македонија да остане фокусирана на патот кон ЕУ и да се придржува до своите меѓународни обврски“, брифираат од Белата куќа за француско американскиот патоказ.
Мандатарот на новата влада, Христијан Мицкоски, истакна дека Македонија ќе ги почитува овие договори, но нагласи дека тоа е двонасочна улица.
Двете страни треба да го почитуваат. Ако конкретно се однесува на Договорот од Преспа, ние како идна влада детално го почитуваме. Се што е дел од нашето законодавство, Уставот, детално се почитува – точка, запирка. И тука нема дилема, бидејќи не можете да барате од граѓаните да ги почитуваат законите и Уставот, а ги прекршувате, но истовремено очекувам и вториот потписник, нашиот јужен сосед, да ги почитува“, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.