Вилма Русковска ќе остане запаметена од моја страна по изјавата „јас мечка да обвинам, судот мечка ќе осуди“. Тоа ни кажува дека живееме во едно девастирано општество, каде што системот буквално е доведен до распаѓање, вели Панче Тошковски, адвокат и претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24.

Тошковски потенцираше дека Русковска требало да се разреши уште многу порано кога поднела неписмено обвинение.

Допрва ќе се осветлува вистината зошто ВМРО-ДПМНЕ решило така да го ослови ова неправо и неправда која се провлекува со години. Апсолутно не се согласувам со одлуката на судот. Русковска требаше да биде разрешена пред многу години, кога поднесе неписмено обвинение кое заврши со одлука на Врховен суд, но само заради тоа што ова е Република Македонија, кое што во делот на правосудството е еднакво на јужно африкански држави. Верувајте ми ќе разговараме за 4 до 5 години и ќе ми кажете, да во право си, бидејќи сите овие пресуди кои беа донесени насила, паднаа во Стразбур. Ова денес што се случи со Русковска верувајте ми не е правда. Обвинителскиот совет разреши обвинител заради тоа што врз основа на судска наредба постапила како што постапила. Тоа ли е причина за разрешување на обвинител, а не е причина разрешување за измислен обвинителен акт кој што е катастрофален сам по себе, смета тој.

Тошковски и порача на заменичката министерка за правда Аврамовска Мадиќ, дека луѓето не пријавуваат притисоци бидејќи не веруваат во системот, но претседателка на Врховен суд се охрабрила да проговори за политички притисоци откако амбасадорката на САД била кај неа во посета.

Знаете ли зошто не пријавуваат луѓето без разлика дали се дел од власта или не се притисоци? Затоа што никој не верува во системот и тој е девастиран што едноставно немаме систем. Се е распаднато до таа мера што јавен обвинител за организиран криминал кажува дека има притисоци. Замислите врховен судија, претседател на Врховен суд се охрабрува да пријави откако кај неа на посета била почитувани амбасадорка на САД, изјави тој.

Тошковски додаде дека и претходно голем број на носители на јавни функции на телевизии излегуваат и кажуваат дека се соочуваат со голем број на притисоци.

Експретседател на Судски совет, сегашен претседател, претседател на Врховен суд, поранешен директор на финансова полиција. Поранешен шеф на обвинителство за организиран криминал. И пазете сега, ова не го збори опозицијата, за политички притисоци, ова го зборат првите луѓе на институциите. И они си зборат по телевизии. Зошто? Затоа што немаме систем, порача Тошковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.