Не мислам дека сето ова може да добие политичка конотација и не би смеело да добие, затоа што се работи за две грозоморни убиства, особено ако се има предвид дека едно од жртвите е 14-годишно дете, изјави денеска поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска во врска со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за кои е првоосомничен Љупчо Палевски – Палчо.

Во изјава за медиуми по доделувањето на државната награда „Св. Климент Охридски“ во Собранието, Русковска кажа дека и колегите во Турција, од каде се очекува Палевски да биде екстрадиран, ќе го имаат сето ова во предвид.

Сметам дека и колегите во Турција, односно судиите, кои ќе ги разгледуваат доказите и ќе одлучуваат по екстрадицијата, ќе го имаат сето ова предвид, рече таа.

Според неа, истрагата треба допрва да утврди која е вистинската позадина на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.