Во еден тежок компромис, мора да определите што ви е приоритет, а нас ни беше македонскиот идентитет и јазик и тоа што ќе ви донесе членство во НАТО и отвореност за членство кон ЕУ. Тие договори тешко се репреговараат. Не можете да одберете еден дел и да кажете сега ќе бараме да се смени рокот за пасошите од 5 на 10 години. Тоа ќе значи отворање на целиот пакет бидејќи било договарано во пакет. Истото важи и за францускиот предлог – изјави утрово вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ за одредбите од Преспанскиот договор со Грција и делот со промената на личните документи со новото уставно име.
Според него, враќањето во некакво репреговарање е само „скапа заблуда што може скапо да не чини“.
Секое наредно отворање на Уставот ќе чини поскапо и ќе биде потешко. Ако го пропуштите моментот, тоа ќе ве чини повеќе. Затоа заблудите на ВМРО-ДПМНЕ се дека не можат да излезат од ситуацијата на безидејност. Немаат план, ниту решение. Овие лажни надежи за некакво репреговарање со Бугарија се само лош изговор од безидејност – истакна Маричиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.