„После сите овие информации кои ги добивме и по целокупната работа од Анкетната комисија ќе следува заклучок. И можам да ви гарантирам со сигурност квалитетен заклучок бидејќи се разгледуваат многу материјали, многу извештаи од сите институции кои се вклучени. И ќе следува заклучок околу политичката одговорност, не сакам пред време да кажувам, но од ова што се гледа секако дека ја има“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески во утринската емисија на Алфа телевизија.
Ристески додаде дека Анкетната комисија ќе притиска за да овој најгрозоморен скандал во здравството има разрешница.
Обвинителството ги има сите информации. Јавниот обвинител во овој момент, и во целокупната негова работа генерално претставува ангел чувар на оние кои што го кршат законот, на луѓето кои практикуваат криминал и корупција. И за тоа сме дојдени до оваа ситуација до каде што сме дојдени, укажа Ристески.
Тој посочи дека јавниот обвинител и МВР не треба да помислат да застанат во одбрана на вакво грозоморно случување во клиниката за Онкологија.
Ова претставува организирано и масовно убиство. Овдека не знаеме колку луѓе ги изгубиле животите поради лакомоста за пари на одреден круг на луѓе внатре во клиниката, нагласи пратеникот.
„И во јавноста, и во експертската јавност, и од она што досега од медиумите се доби како информации, може да се каже дека таму се води истрага по три основи. А, овие седум лица се осомничени од само по еден основ. И што се случува сега со оние два основа, дали има осомничени, нема осомничени, тоа треба одговорат овие од Јавното обвинителство, и од МВР. Од прашањата од нас пратениците на Анкетната комисија за работи кои не им одговараат добро се затскриваат со реченицата истрагата е во тек, и не можеме да изнесеме многу информации“, рече Ристески.
Тој посочи дека требало многу порано да реагираат Јавното обвинителство и МВР бидејќи ДЗР има направено еден фантастичен извештај каде што се открива сиот криминал што се случувало во клиниката за Онкологија. Таму се наведени сите злоупотреби и неправилности на клиниката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.