Барањето за линеарно, а не процентуално зголемување е неиздржано затоа што пензијата е економска категорија вели во разговор за „Локално“ универзитетскиот професор и член на Партијата на пензионери, Темелко Ристески. Објаснува дека е осигурување за кое што граѓанинот плаќа односно му запираат одреден износ на име на придонес за пензиско и инвалидско осигурување.

Граѓанинот плаќа негови пари во зависност од висината на платата и толку и треба да добие во форма на пензија. Изедначувањето на пензиите не е во согласност со уставното право на заштита на правото на сопственост. Парите што странката ги дава во Фондот – тоа се мои пари. Не смееме да одиме во поглед на изедначувања, истакнува Ристески.

Ристески смета дека на прв поглед звучи правично, но не е правично тој што вложувал повеќе да добие исто со оној кој што заработувал помалку. Дециден е дека со оглед на економскиот карактер на осигурувањето не се издржани барањата.

За побараната сума од 3500 денари од пензионер, соговорникот вели дека е премногу.

3500 денари е огромна пара. Замислете кој издаток е тоа за Фондот да даде на сите по 3500 денари. Не очекувам толкаво зголемување, туку нешто за 1000 денари помалку, вели Ристески.

Јавноста го запозна професорот кога беше објавен неговиот „Извештај за извршената работа“ доставен до Државниот секретар во Министерството за одбрана, каде бил ангажирал со договор на дело, во кој тој објаснува колку и какви статуси објавил за поддршка на власта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.