Денеска на покана на Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Благоја Ралповски и Претседателот на самостојниот Синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, заменик-министерот за економија Марјан Ристески беше гостин на извршниот одбор на КСС каде разговараа на повеќе теми.

На средбата им го честитав историскиот договор со Владата каде од наредната плата вработените во образованието ќе добијат покачување од 5 проценти, од март дополнителни 7 проценти, и покачувањата ќе продолжат секоја година скалесто каде до 2028 година платите ќе пораснат за минимум 46 проценти. Ние сме пријатели на работниците и синдикатите, тука сме да разговараме и заедно да ги дискутираме сите прашања, како во рамки на министерството за економија и труд, така и преку Економско-социјалниот совет (ЕСС), посочи тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.