Премиерот Димитар Ковачевски неодмна најави дека годинава, преку Министерството за култура, ќе бидат обновени сите споменици посветени на времето од Втората светска војна. Но, ако денот се познава според утрото, тогаш ќе биде подобро воопшто да не почнуваат со процесот. Се разбира, доколку зад тоа не стојат скриени намери за ретуширање на сопствената историја, пишува ПресингТВ.
Зашто, еклатантен пример за тоа претствува споменикот на народниот херој Благој Јанков Мучето од Струмица, со кој, всушност, започна (нео)врховистичкиот пир на власта предводена од СДСМ, прво на локално, а потоа и на државно ниво.
За потсетување, спомникот на Благој Мучето, лоциран во струмичкиот градски парк, беше првиот на кој заигра „брусилка историјата“. Од текстот на споменикот со брусилка прво беше отстранет зборот „бугарски“, а потоа и „фашистички окупторски“, па остана само куршум.
И сега, за да не се познаваат трагите на брусилката, локалните власт или потрошиле повеќе црна боја на буквите или, пак, ставиле сосема нова плоча на која не постои ни „бугарски“, ни „фашистички“, туку само зборот куршум!
Така, народниот херој за време на Втората светска војна се знае дека загинал од куршум, ама не се знае чиј бил тој, од кого бил истрелан!? Дали од „бугарските администратори“, дали од „бугарските наци-фашисти“, дали од германските нацисти, дали од италијанските фашисти, дали бил жртва во крвавата Втора светска војна или, пак, во некоја имагинарна меѓумакедонска, идеолошки предизвикана, граѓанска војна!?
Стани Благој да го видиш (нео)врховистичкиот резил!!! Во твојата Струмица! Предизвикан од наследниците на партијата на која си и припаѓал, кои сега се претставуваат како (квази)социјалдемократи! За кого и за што си го положил својот млад живот!?
Ќе речеш сигурно за слобода, за формирање на прва македонска држава. Ти тоа сигурно си го знаел. Но, твоите идеолошки наследници сега тргуваат со тебе, со твоето име, со твојата борба, со твојата херојска смрт! Безумени некадарници да го одбранат и сочуваат тоа за што ти си го дал својот живот!
Што прават пустиот страв и чистото полтронство! Твоите идеолошки наследници, сега преоблечени во (нео)врховистичко руво се плашат да споменат „м“ од македонски, „б“ од бугарски, „г“ од германски, „и“ од италијански, „ф“ од фашистички, „н“ од нацистички, „о“ од окупатор, па и „а“ од администратор!?
Брука! И за нив, и за новите поколенија на кои им го ускратуваат правото на вистината дека нивните претци за време на Втората светска војна биле на вистинската страна на историјата.
Преземено од ПресингТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.