Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во неделното интервју за Радио Слободна Европа вели дека набрзо, група на македонски државјани ќе добијат кривична пријава за тероризам поради лажните дојави за бомби во училиштата.

За нас беше многу важно безбедноста на граѓаните, учениците на наставниот кадар да биде на највисоко можно ниво и во тој дел апсолутно не е променето ништо со протоколите, значи безбедноста мора да се сочува на едно високо ниво. Веќе поднесовме една кривична пријава против еден малолетник и практично навлегуваме во една група на лица коишто учествувале во праќањето на дојавите по електронски пат и токму користењето на ви пи ен адреси итн и сме во позиција за која за многу скоро време целата таа група ќе биде комплетно разоткриена, ќе бидат поднесени кривични пријави за делото тероризам. И ова како појава нас ни овозможи практично да направиме и промени во делот на протоколите за постапувањето, вели министерот Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.