Убиството на ракометарот Денис Тот има „операнди систем на институционална ненавремена акција и реакција” која роди основан сомнеж за времето кога и дали вистината треба(ла) да биде обелоденета, коментира професорката по безбедност Фросина Ременски.

Таа додава дека ова убиство не смее да влијае на хрватско-македонските односи и полициската соработка.

Напротив, полицијата што побргу да си ги расчисти своите редови од истите „професионалци” од времето на убиството на Нешковски и веднаш да излезе со официјална информација за тоа каде затаил системот на информирање, интервенирање и одговорност. Ќе ја објавам анализата и за ова убиство, најавува таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.