Професорката Фросина Ременски вели дека е време обвинителката Вилма Рускоска да се соочи со одговорноста, наместо да изигрува жртва.

Не гледам зошто еден јавен обвинител би бил „заштитена мечка“ и за него да не важат правилата на игра во рамки на законот, и зошто се алудира на некаква солидарност, внатре обвинителска кој зад кого требало да застане, имајќи го предвид Законот за јавно обвинителство го обврзува државниот јавен обвинител да врши надзор и контрола над работењето на обвинителствата каде тој е надлежен“, вели Ременски во летното издание „Click21“ на ТВ21 каде разговаравме и за обвинителката Вилма Рускоска.

Според Ременски „Извештајот за спроведениот претрес во финансиската полиција, што е направен како контрола по надзор и наредба на Државниот јавен обвинител содржи многу по мали прекршувања на јавно обвинителската функција на Вилма Рускоска во контекст на веќе докажаниот незаконски претрес кај потпретседател на Собрание“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.