ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека агенцијата за испитување на јавното мислење „Рејтинг“ на Никола Спасов прави ПР за СДС темелен на лажни вести и навреди со милион евра во тендери и бизнис од 10 милиони евра од власта на СДС.
„Рејтинг“ на Спасов беше единствена агенција според која СДС водеше, дури и кога катастрофално губеше, сега гледаме и зошто. Нема друга агенција за мерење на јавно мислење која толку длабоко била влезена во бизниси со поранешната власт. Добиените милиони очигледно се мотив плус да се води ПР-от на СДС, кој се темели на лажни вести и клевети. СДС одамна го испушти кормилото, па мора да препушта ПР да им водат агенции како Рејтинг кои ги чинеа милиони додека беа на власт. Очигледно е дека ништо не е сменето во таа партија, велат од владејачката партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.