Сојузот на здруженијата на пензионерите објавиja дека почнувајќи од февруари, средствата што се доделуваат од солидарниот фонд – посмртна помош, попознати како посмртнина, се намалуваат за 5.000 денари, односно од 30.000 на 25.000.

Оваа одлука е објавена во „Службен весник“, а образложението е дека нема доволно средства бидејќи бројот на починати пензионери расте поради пандемијата на ковид 19.

Во овој момент, информираат од Сојузот, за исплата чекаат над 4.100 лица, а времето на чекање е околу четири месеци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.