Пратеникот Реџепи ги разреши шпекулациите каде се криел во деновите кога требаше да се гласа за недоверба на владата и кога од неговиот глас зависеше дали ќе падне владата на Заев.
Реџепи, тогаш пратеник на Беса, а сега кој знае на која партија или пак може самостоен пратеник рече се криел кај негов пријател заедно со семејството бидејќи им била загрозена безбедноста.
Другиот ден се јави со видео порака покрај некаков бел ѕид од непозната локација. Сега стана јасно дека таа локација била премиерката вила на Водно.
Но она што вчера потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски праша денеска доби потврда од самиот Реџепи. Тој призна дека се криел во премиерската вила на Заев.
На прашањето на „Фокус“ дали на денот на гласањето на недоверба на Владата престојувал во премиерската вила, вели дека негово право е каде ќе престојува, според неговата проценка за својата безбедност и безбедноста на неговото семејство.
-Се што имав да кажам го кажав на мојата прес конференција и јавни настапи. Мое приватно право е каде престојувам во одреден ден според мојата проценка за мојата безбедност и на моето семејство. Најбитно е дека јас како пратеник со мандат го искористив моето уставно право да одлучам според моето убедување и со тој потег се обезбеди стабилно зголемено мнозинство и непречен дијалог со Република Бугарија, изјави Реџепи за „Фокус“.
Ќе остане и запаметена неговата изјава дека жена му слушнала на телевизија дека Макрон ќе ни даде датум за преговори што се разбира не се случи. Исто така рече дека срцето му вило во Брисел и Вашингтон и оти затоа не дошол. Но по ова јасно е дека неговото срце било на Водно а не во САД и ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.