Владата на Република Македонија, денеска, 12.4.2022 година (вторник) ќе ја одржи редовната 37-ма седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните, соопшти владината прес служба.

Според предложениот дневен ред, меѓудругото, на денешната седница ќе се разгледуваат Предлог-законот за финансиската инспекција во јавниот сектор, како и предлог за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај.

Пред министрите ќе се најде и Информација за Програмската рамка на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) за Република Македонија за периодот 2021-2025 година, со Програмска рамка, изготвена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За заклучоците и одлуките од денешната Владина седница, која ќе започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.