Владата на Република Македонија денеска, 15.2.2022 година (вторник) ќе ја одржи редовната 14-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните, соопшти владината прес служба.
Според предложениот дневен ред, на денешната седница ќе се разгледува Информацијата за програмата и приоритетите на француското претседателство со Советот на Европската Унија.
На седницата за разгледување е предложен и Извештај од анализата на нацрт-стратешките планови на министерствата и другите органи на државната управа од аспект на формата, содржината и нивната усогласеност со стратешките приоритети во Владата на Република Македонија во 2022 година, подготвен од Генералниот секретаријат на Владата.
На седницата, пред министрите ќе се најдат и повеќе предлог програми за работа за тековната година, меѓу кои Предлог-програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој, Предлог-програма за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2022 година, предложени од ресорното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
На предлог на Министерството за локална самоуправа е изготвена тригодишната Предлог-програма за спроведување на Стратегијата за регионален развој 2021-2024.
На денешната седница пред министрите ќе се најде и Информацијата за предлог структури и Акциски План за воспоставување на систем за индиректно управување од страна на Република Македонија со ИПА средствата согласно барањата од Регулативата за имплементација на новиот Инструмент за претпристапна помош (ИПА 3) за Годишната Акциска Програма за 2022 година.
За заклучоците и одлуките од денешната Владина седница, со почеток во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.