„Да не се грижи Спасовски и СДС, ДУИ не им го земаме, заедно од опозиција ќе гледаат како Македонија оди напред“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешното интервју на пратеникот од СДСМ и поранешен министер Оливер Спасовски, кој рече дека очекувал ДУИ да стане дел од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
СДС не знаат веќе што да направат, затоа што рејтингот им се топи како коцка мраз на +40°С. Сега се послаби од што беа на последните избори. Допрва следува ситнење во СДС заради нивните лоши политики изминативе 7 години, и никакво растурање на пердуви нема да им помогне да го спречат тоа. Пасокизацијата во СДС е процес кој тргна и нема назад. Спасовски наместо да се сокрие некаде и да се срами затоа што беше министер во МВР со најголем број на убиства за кои сторителите уште ен се фатени, тој излегува и дава изјави и интервјуа. Дали до толку СДС го потценува народот? И знаат ли дека се повеќе губат со тоа?, стои во реакцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.