СДСМ-ДУИ повторно брутално го газат Уставот и деловникот на Собранието, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие 4 минути пред почеток на пленарната седница на Собранието вметнаа точка за разрешување на пратеник од позицијата член на Комисијата за избори и менувања, само затоа што не им е дел од коалицијата.
Јавноста виде дека СДСМ и ДУИ кршат процедури, кршат норми и ја погазуваат волјата на граѓаните само за да постигнат тесно партиски интереси – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ..
Од партијата истакнуваат дека разрешување на член на работно тело без предлог одлука на Комисијата за избори и именување е врв на недемократските методи на власта.
Впрочем дека ова е неделовнички начин на работа на собранието тврдеше и самиот Талат Џафери пред само две недели во интервју за национална телевизија. Тој самиот потврди дека не може на пленарна седница да донесе било каква одлука за разрешување на член на работно тело, доколку претходно не расправало за тоа матична комисија.
Цитираме:
„Дали разбирате, на „пленарка“ треба да дојде од Комисијата!? Некој замислува на сила на пленарна седница. Како на пленарна седница ќе оди материјал кој што не дошол од соодветна комисија? Дали разбирате што зборувам? Кој мисли да спроведе полуделовнички нека дојде нека го спроведе. Или ќе се спроведе деловнички или НЕМА да се спроведе. Како ќе поминете, точка на дневен ред да ставам јас сега, како ќе потпишам решение за седница со точка на дневен ред која што не е изворно од соодветната комисија“, рече Талат Џафери на 17 февруари.
Сега две недели подоцна точката за разрешување на пратеник од работно тело е поминато на соодветна работна комисија ама власта шверцерски ја става на пленарна седница да се одлучува. Ете го кршењето на Деловникот и на Уставот и за тоа самите се свесни.
Очигледно СДСМ и ДУИ не гледаат на пратениците како избраници на народот, а на комисиите како простор за дебата, туку како на машинерија за гласање на нивните штетни и погрешни политики.
Водени од намерата брзо да го разрешат пратеникот од позицијата во Комисијата, тие направија грешка со повикување на погрешни членови од Уставот и деловникот. Пратениците се директно избрани од граѓаните, а не именувани лица од страна на Собранието на Република Македонија.
СДСМ и ДУИ се во очај. Почнаа на очиглед на јавноста да кршат закони за да издејствуваат некој партиски интерес, но на се доаѓа крај, па и на нивното самоволие и насилие – се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.