Градоначалникот на општина Ресен, Јован Тозиевски, беше во посета на Мала Преспа, каде што се сретнал со кандидатот за градоначалник на Пустец, Панди Јани.

Денеска ја имавме честа, Мала Преспа да ја посети мојот драг пријател и градоначалник на Ресен Јован Тозиевски. Направивме мала прошетка низ неколку села, при што заеднички констатиравме дека Мала Преспа има голем потенцијал, исто како ресенската, но потребен е труд и многу работа, објави на фејсбук, Панди Јани, кандидат за градоначалник на Пустец.

Тој изразува голема благодарност за искажаната поддршка од страна на Тозиевски и ветува дека со заеднички добро изработени проекти, Мала Преспа ќе ја издигне на местото кое го заслужува.

Почитувани браќа и сестри Македонци, меѓу другото сакам да ви го честитам христијанскиот празник Св.Ѓорѓи- Ѓурѓовден, нека дава здравје, среќа и бериќет. Промените доаѓаат, Мала Преспа заслужува подобро. Гласајте за победничкиот број, бројот 1. Да сте живи и здрави, стои во објавата.

Тозиевски заедно со домаќините го посетил и музејот „Стерјо Спасе“ во село Глобочани, пред чие спомен обележје оддал почит, како и црквата „Свети Архангел и Михаил“ во Пустец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.