Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците во емисијата 24 анализа рече дека ако бевме нормална држава каде се почитуваат минималните демократки вредности, морални и етички и се почитуваат зкаоните и етичкиот кодекс, немаше да се расправа што ќе биде со Џафери, туку кој ќе биде новиот претседател на Собранието.

После тие снимки кои Џафери не ги одрече дека се автентични, Џафери требаше да поднесе оставка. Ние сме таква држава каде ниту една јавна личност не дала оставка. Се случувале разни политички афери, и никој не дал оставка. Џафери имаше можност да биде прв и да даде придвижување кон тие европски вредности. Секој политички чинител и партија треба да има предвид кога ги наведува причините за таквите иницијативи, рече Рашиди.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.