Претседателот на Бугарија, Румен Радев денеска имаше телефонски разговор со специјалниот пратеник на Велика Британија за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич, соопштија од прес-секретаријатот на шефот на државата.
Во фокусот на разговорите беа европската перспектива на Република Македонија и земјите од Западен Балкан и клучното значење на евроинтегративниот процес за безбедноста и стабилноста на регионот.
Шефот на бугарската држава ја изрази надежта за брзо решение на прашањето за гарантирање на правата на македонските Бугари, со нивно внесување во Уставот на Република Македонија, за откажување на јазикот на омраза кон Бугарија.
-Постигнувањето реални резултати во билатералниот дијалог со Бугарија значително ќе го забрза евроинтегративниот процес на РСМ, нагласи претседателот.
Безбедносното опкружување во Источна Европа, во контекст на ескалацијата на тензиите во Украина, исто така беше меѓу темите на разговорот меѓу претседателот Румен Радев и Стјуарт Пич, соопшти прес-секретаријатот на претседателот на Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.