Претседателот Стево Пендаровски од денеска до 23 мај 2023 година, ќе престојува во работна посета на Кралството Белгија.

Во рамки на посетата, претседателот Пендаровски ќе има аудиенција кај Кралот Филип и ќе оствари средби со премиерот на Кралството Белгија, Александер Де Кро, претседателката на Домот на претставниците на белгискиот Парламент, Елијан Тилие и со претседателката на Сенатот на белгискиот Парламент, Стефани Д’Ос.

Во состав на официјалната делегација предводена од претседателот Пендаровски се министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Јован Деспотовски.

Во рамки на работната посета на Белгија, претседателот ќе се обрати пред претставници на белгиски компании, пред кои ќе бидат презентирани економските потенцијали и инвестициските можности во Македонијаво соработка со Стопанска комора Антверпен Васланд (VOKA), Агенцијата за извоз и странски инвестиции на Валонија (AWEX)Агенцијата за инвестиции и трговија на Фландрија (FIT) и Бриселската агенција за поддршка на бизнисот, ХАБ Брисел. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.