По препораките на здравствените власти поврзани со состојбата и ширење на големата кашлица (пертусис), службата за вакцинација во Здравствен дом Гостивар почна да работи во две смени и во сабота. Оваа мерка треба да овозможи вакцинирање на децата кои не ги примиле потребните дози со вакцината ДиТеПер (дифтерија, тетанус, пертусис).
Деновиве има зголемен интерес и родителите кои го проверуваат вакциналниот статус и ги носат децата за да се вакцинираат, потврдува д-р Дафина Богданоска од гостиварската служба за вакцинација. Една до причините, вели таа е и појавата на болеста во гостиварско.
Таа потврди дека се регистрирани два случаи, две иполмесечно бебе кое не е вакцинирано и четиригодишно дете кое примило вакцина. Двете деца се лекуваат на скопските клиники.
Една од причините за појава на болеста е недоволниот опфат со вакцинирање и тој е во опаѓање. Тој се движи околу 87 проценти, а со бустер дозата тој е под 75 проценти. Пропуштањето на вакцинирањето е најверојатно и заради избегнување на вакцинирање со „мрп“ вакцината. За да излеземе во пресрет на зголемениот интерес и да го зголемиме опфатот, нашата служба ќе работи со продолжено работно време, вели д-р Дафина Богданоска.
Вакциналниот пункт во Гостивар ќе биде отворен од денеска (сабота), а од понеделник во работните денови ќе се работи во две смени.
Болеста голема кашлица (пертусис) во гостиварско не била регистрирана во последниве три децении.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.