Провокатори со фантомки упаднаа на народниот протест пред Собранието. Тргнаа од кај Жена парк, по што ја рушија полициската ограда. Пукотници од димни бомби и петарди се слушаат пред зградата, а мирната толпа се повлече.
Провокациите не наидоа на поддршка од граѓаните, кои продолжуваат мирно да протестираат, да скандираат, да пеат „Едно име имаме“ и да бараат оставка.
Насилници, срамота, и што сега, што направивте?, коментираат граѓаните.
Групата која ја премина оградата почна да фрла со делови од калдрмата по зградата, по што скршија и прозори од Парламентот.
Дека деновиве има личности кои се обидуваат да ги обезвреднат сè попосетените протести против владата и политиките кон Бугарија веќе предупредија и неколку политичари. Вчера за ова предупреди потрептседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, а за да фрлат сенка врз народниот протест, и СДСМ и ДУИ со соопштенија „ги осудија насилствата“. Денеска премиерот Димитар Ковачевски рече дека „ќе се случуваат неевропски потези на протестите“, за што и е забележливо и големо полициско присуство околу Собранието и целиот скопски центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.