Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ги отфрли обвинувањата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, кој пред неколку дена рече дека актуелната власт ги понижува Албанците и ја покани коалицијата ВЛЕН да излезе од Владата.

Меџити, во интервју за „Лајм“ истакнува дека Албанците од оваа Влада си го добиваат својот дел.

Албанците добиваат многу удел во буџетот. Значи, добиваат некаде околу 30 милиони евра само во оваа половина година, а тоа го добиваат и општините кои не се ВЛЕН, а се ДУИ. И да ги седнете без камери и искрено да разговарате, велат подобро ни било кога ДУИ е во опозиција отколку кога ДУИ била во Влада. Изненадени сме што немаме проекти толку колку што Владата обезбедува средства за реализација на конкретни проекти за граѓаните. Тоа е првпат една Влада да не прави разлика како во минатото, кога Чаир и Тетово не добија ниту денар од буџетот на Македонија. Ние не го правиме истото, ние ги третираме општините без оглед на припадноста, бидејќи таму се нашите граѓани, ние сме за граѓаните, и тие градоначалници се избрани од граѓаните. Не држи констатацијата на Ахмети, рече Меџити, соопштија од неговата партија Демократско движење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.