Се одржа првиот конгрес на Алтернатива, која се формираше како фракција на Движење Беса. Меѓутоа како што изгледа, ниту во овој состав Алтернатива не најде мир.
На конгресот, како што се очекуваше, не беше присутен пратеникот од оваа партија, Скендер Реџепи, иако на краткиот видео материјал подготвен за историјата на партијата, Реџепи речиси на секој дел е покрај лидерот на партијата Африм Гаши.
„Тој беше поканет како и сите други делегати, има многу други делегати кои не дојдоа, секој ги знае своите причини“, вели Африм Гаши.
За ТВ21 Реџепи објасни дека не учествувал на конгресот бидејќи е принципиелен кон своите ставови изразени пред неколку дена.
„Граѓаните заслужуваат конкретни и детални одговори како и тоа кога ќе се оствари договорот Алтернатива-Влада“, посочи Скендер Реџепи.
Пред неколку дена во Клик Плус на ТВ21 Реџепи отворено ги критикуваше функционерите на Алтернатива во Владата, кои не преземаат ништо за реализација на точките од програмата со која влегоа во Влада. На прашањето во врска со ова, лидерот Гаши рече дека ниту на почеток не бил сигурен дека се ќе се реализира.
„Јас и тој ден не бев сигурен дека ќе се реализира секоја точка. Тоа што јас сакав да го направам е дека како политичка партија да бидеме транспарентни и во Владата да влеземе со писмен и објавен договор за граѓаните да знаат за што се залагаме и да ја следат нашата работа за тоа колку точки имаме остварено“, посочи Африм Гаши.
Меѓу најактуелните точки од програмата со кои Алтернатива и се приклучи на Владата, е точката во врска со меѓународната истрага за сомнителните судски случаи. Гаши не даде рок за реализирање на оваа точка.
„Да беа прашања за кои може да се постави рок, ќе го направевме тоа уште на почеток. Во прашање се нашите заложби. Тие точки од договорот се тоа за што зборуваме дека ќе се заложиме во овој состав на Владата“, додаде Африм Гаши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.