Пред Мурат Пашината Џамија во Старата скопска чаршија денеска се одржа протест за поддршка на палестинскиот народ. Група граѓани со транспаренти „Слобода за Палестина“ побараа да престанат израелските напади во Палестина.

Претседателот на здружението „Копру“, Емин Хусрев, изјави дека нападите во последните дванаесет дена во кои се таргетираат цивили, меѓу кои значаен дел жени и деца, „кулминирале со бомбардирањето на баптистичната болница Ал Ахли, акт кој е неприфатлив за човештвото“.

Хусрев побара нападите да престанат нагласувајќи дека не може да се остане нем за она што се случува бидејќи до денес има над 3.500 жртви.

Очекуваме, почнувајќи од соседните земји, час поскоро да се преземат потребните чекори во насока на воспоставување на мирот и стабилноста, додека од друга страна апелираме Америка, Европа и земјите од останатите региони да превземат праведен и хуманоцентричен став помеѓу страните, рече Хусрев.

Протестот за поддршка на Палестина е организиран од страна на неколку здруженија кои својата дејност ја вршат во земјава и кои за таа цел формираа Платформа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.