Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје денеска на свеченост ќе бидат промовирани офицери и подофицери во Армијата.

На свеченоста ќе бидат промовирани 24-та класа питомци во чин потпоручник, слушателите на Курсот за офицери на служби во почетен офицерски чин и слушателите на основниот курс за подофицери во чин водник, соопшти Министерството за одбрана.

Како што најави, обраќања на настанот ќе имаат претседателката на државата и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и деканот на Воената академија, полковник Митко Богдановски.

На свеченоста ќе присуствуваат и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, министерот за спорт Борко Ристовски, претставници на воено-дипломатскиот кор од Босна и Херцеговина и Црна Гора и други високи гости од Министерството и Армијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.