На плоштадот во Гевгелија денеска ќе биде промовирана интерактивната апликација „Комунити“ преку која граѓаните може да ги дознаат сите информации поврзани со општината во која живеат и директно да комуницираат со општинската власт за прашањата кои им се важни.
Покрај тоа, како што велат креаторите на апликацијата од „Индиго“, граѓаните може да праќаат известувања, поплаки или пак да пишуваат статии.
Апликацијата е изградена врз принципите на инклузивност и достапност кон корисниците, обезбедувајќи дека сите членови на заедницата – без оглед на возраста, потеклото или техничкото знаење – можат активно да учествуваат во обликувањето на иднината на нивната општина. Преземањето на апликацијата Комунити е многу едноставно преку мобилните продавници за апликации (App store), со персонализирање на искуството на корисниците, уредување на профилот и регистрирање на личните преференции, по што веднаш може да се користи, велат од „Индиго“.
Како што велат оттаму, овој интерактивен настан има за цел да поттикне поврзување, соработка и позитивни промени во заедниците низ општините, а е првиот во низата настани и ќе биде збогатен со музички перформанс, доделување на награди на најактивните посетители и сл.
Како што посочуваат, „Комунити“ караванот е осмислен како динамичен настан за вклучување на различни чинители во заедницата, вклучувајќи локални лидери, активисти, едукатори, претприемачи и жители. Преку серија интерактивни обуки и сесии за вмрежување, учесниците ќе имаат можност да станат дел од големото Комунити семејство.
Преку ова патувачко претставување, граѓаните од општините Гевгелија, Струмица, Гостивар, Охрид, Чаир и Шуто Оризари ќе земат активно учество во одржливиот развој на заедницата, зачувувањето на животната средина, различноста и вклученоста, дигиталната писменост и вклученост на сите чинители во поедноставен живот. Веруваме дека енергичните заедници се изградени врз основа на соработка, емпатија и заедничка цел. Комунити е проект на кој сме особено горди и кој e резултат на нашата посветеност за зајакнување на иницијативите и спроведување на позитивните промени на локално ниво. Нашата главна цел со имплементирање на Комунити платформата не е само да инспирираме и едуцираме, туку и да поттикнеме акција. Сакаме секој учесник да покаже чувство на енергија, подготвеност и моќ да направи видлива разлика во својата заедница, велат од „Индиго“.
Настанот е организиран во рамки на проектот на УСАИД „Здружи се за заедницата“, спроведуван од асоцијацијата Конект, a во партнерство со Фондацијата Аполонија, Индиго и ЕВН
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.