Зомбите во парламентот штотуку со 58 глас „за“ го изгласаа законот за давање на гасната централа на Митилинеос без тендер, со сите негативни реперкусии за коишто зборувавме деновиве. Решиле да одработаат за своите наредбодавачи, а нас, граѓаните на Македонија да нé изложат на зголемени трошоци наредните најмалку 20 години, вели професорот Дејан Трајковски.

Во овој момент се колнам дека до крајот на животот не сакам да слушнам и нема никогаш да гласам за СДСМ, а им оставам аманет на идните генерации да не заборават за сите штети што ни ги направија и никогаш повеќе да не гласаат за оваа штеточинска партија.

На проклетниците најпрво им посакувам катастрофално да изгубат на наредните парламентарни избори, а потоа што побргу да престанат да постојат како политичка партија и засекогаш да исчезнат од политичката сцена на државата.

Списокот на штети што го направиле од осамостојувањето до денес кон својот народ и држава е подолг, но ова со енергетскиот криминал е капката што конечно ја прелеа чашата. Иако не сум партиски определен и колку и да се трудев да задржам избалансиран став кон сите политички партии, ова навистина е премногу и не можам да го проголтам, порача тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.