Под просекот на државното ниво е платата на доцент, доктор на науки на УКИМ, бидејќи зема плата од 30.590 денари, изјави проф. д-р Ангел Ристов, претседател на Сојузот на синдикатите на УКИМ, во интервју за „360 степени“.

„Јас ја споменав дека платата на еден редовен професор што целиот свој живот го посветил на науката, на образованието, на младите, на идните генерации е 650 евра. Во поблиското опкружување, во Косово – 1.500 евра плата, Србија -1.800 до 2.000 евра плата, Хрватска – 2.000 евра плата, Словенија – 2.500 евра плата. Ние заостануваме далеку зад сите земји во регионот, но и зад земјите во Европа и светот“, изјави професор Ристов за „360 степени“.

Ако до петок Владата не седне на маса со Сојузот на синдикати на УКИМ, Синдикатот ќе иницира помирување пред штрајк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.